за

Сема Шоу: Брз змиски отров и жешки тркала во Лас Вегас

сема шоу '17

Во САД владее посебно автомобилско сметање на времето, и тоа уште пред да им се случи Доналд Трамп. Американските автомобили отсекогаш се развивале според мотото „може ли уште малку повеќе“. Климатските промени доведоа до мала промена во начинот на размислување. Сема Шоу во Лас Вегас, сепак покажува дека и натаму е голем бројот на фанови што копнеат по повеќе моќ.

Ѕвезда на годинешната средба на тјунинг-сцената е Venom F5, од тексашкиот специјалист за тјунирање Hennessey. Околу способностите на американскиот „хиперавтомобил“ не смее да има сомнеж. Venom е змиски отров, F5 е ознака за торнадо од најсилна категорија. Целта беше да се изработи најбрзиот сериски автомобил во светот. За способноста на F5 да извози брз круг на тркачка патека, никој не кажува.

Hennessey Venom F5 3

За погонот на Venom F5 е задолжен V8 со твин-турбо, кој наводно ослободува 1.600 КС и го забрзува двоседот до преку 480 km/h. До тристотини километри на час се потребни помалку од десет секунди. Дури и на болид во Формула 1 му треба подолго време.

Актуелен рекордер е Bugatti Veyron Super Sports, кој во 2010 година извозе 431 km/h. Пред три години, Hennessey Venom на пистата на Наса постигна 435 km/h, но поради тоа што Наса не дозволи да се изврши второ возење во спротивната насока, како што налага Гинис, рекордот остана кај Bugatti. Од Venom F5 ќе се изработат само 24 примероци, по цена од 1,6 милион евра. Во меѓувреме, Koenigsegg постави нов рекорд.

Новиот Raptor е меѓу најдобрите тјунирани пикапи за сите намени“

Фирмата има многу подостапна понуда за амбициозните фармери. Veloci Raptor чини 295.000 долари и изработен е врз основа на пикапот Ford F150. Погонот е на сите шест тркала, моторот со битурбо натполнење располага со најмалку 600 КС. Тоа би требало да е доволно за динамично возење по полињата. Подвозјето и сопирачките се дотерани за новата моќност. Сопствениците на слабечкиот сериски F150 Raptor со 450 КС можат да ги добијат дополнителните коњски сили со доплата од околу 20.000 евра.

сема шоу 17 1

Покрај овие скапотии од тексашката мануфактура, на саемот во Лас Вегас се појавија и тјунирани верзии на секојдневни автомобили. Kia го искористи Сема Шоу да го прикаже новиот Stinger во уште полуто издание, со многубројни додатоци што треба да го издвојат нивното возило покрај непрегледната понуда од работилници за тјунирање. Издувен систем од Borla извлекува дополнителни 15 КС од 3,3-литарскиот мотор, така што моќноста се качува на 380 КС. Спринтот до сто трае точно пет секунди.

сема шоу 17 13

Toyota со 18 автомобили на СЕМА Шоу, вклучувајќи и C-HR со 600 КС

Кај Toyota се појави преработена верзија на Camry. Лимузината за саемскиот настап доби странични додатоци изработени со тридимензионално печатење и хауба со истата техника. Кабината е обложена со кожа обработена во стил на бејзбол-топка. Издувот е производ на Magna Flow и се грижи за силна бучава при полна гас, но и речиси нечујна работа кога моторот работи во место.

сема шоу 17 14

Chevrolet покажа како се спојуваат сеќавањата од детството и мускулестите автомобили. Марката одбележуваше половина век соработка со Hot Wheels. Според Том Петерс, задолжен за спортските автомобили на Chevrolet, во нивното дизајнерско одделение работат многумина дизајнери што се инспирирани од Hot Wheels. Јубилејното издание на Camaro Hot Wheels 50th Anniversary Edition покажува како “детската фантазија и одушевувањето се пренесуваат во реалноста“. Од следната година, дизајнерскиот кит ќе се продава по цена од околу 5.000 долари.

сема шоу 17 17

Не постои саем што е повеќе шарен и повеќе дречлив од Сема Шоу. Во Лас Вегас се прикажува сé што може да ѝ се допадне на егзибиционистички расположената публика. Тјунираните автомобили не мораат да почитуваат строги законски прописи и се неограничени во изразувањето на креативноста, наспроти авто-производителите. Откако автомобилот еднаш ќе се појави на улица, со него може да се вршат какви било преправки. Тјунингот не ги одминува ниту олдтајмерите. Тие се преработуваат до непрепознатливост, на одушевување на фановите.

Галерија фотографии од СЕМА Шоу ’17

сема шоу 17 16

сема шоу 17 15

сема шоу 17 11

сема шоу 17 10

сема шоу 17 9

сема шоу 17 8

сема шоу 17 7

сема шоу 17 6

сема шоу 17 5

сема шоу 17 4

сема шоу 17 3

сема шоу 17 2

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

амстердам лајден

Амстердам им дава предимство на велосипедистите и пешаците

mitsubishi интернет велика британија

Купување Mitsubishi преку интернет во Велика Британија