за

Секоја втора Toyota во Германија е хибрид

Германскиот пазар дава одличен пример за растечкиот интерес на купувачите за штедливата погонска техника. Половина од ланската продажба на Toyota се модели со погон со две срца. Хибридниот погон постигнува најголем удел кај Toyota RAV4 – две третини од купувачите се решиле за верзијата со хибриден погон, којашто за првпат е достапна за популарниот теренец.

Хибридниот погон го освојува германскиот пазар. Дури 38 проценти од вкупната продажба на Toyota во Германија отпаѓаат на модели со штедливиот погон. Тоа во голем дел е заслуга на новиот RAV4, којшто од лани за првпат е достапен на европскиот пазар како хибрид. Две третини од продажбата на теренецот отпаѓаат на верзијата со просечна потрошувачка од 4,9 литри бензин на сто километри. Уделот на хибридот кај Yaris изнесува 50 проценти, додека кај компактот Auris тој достигнува дури 53 проценти.

Педантните германски статистичари водат евиденција и за продажбата на приватни лица и деловни субјекти. Доколку се земе предвид само продажбата на возила на приватни лица, уделот на хибридите изнесува околу 50 проценти. По модели: Хибридниот погон кај RAV4 достигнува 76%, кај Auris 63, кај Yaris 61%.

https://automedia.mk/objavi/26824

Јапонската марка лани продала близу 72.000 возила на најголемиот пазар на автомобили во Европа, што е за околу девет проценти повеќе отколку преклани. Кај штотуку комерцијализираниот C-HR, речиси три четвртини од купувачите моментно се решаваат за изведбата со хибриден погон.

На македонскиот пазар, пет модели на Toyota се достапни со хибриден погон: Yaris (мотор 1,5 л., 100 КС, 16.490 евра), Auris (1.8 л., 136 КС, 20.490 евра) Prius (1,8 л., 122 КС, 27.490 евра) C-HR (1.8 л., 122 КС, 24.890 евра) и RAV4 (2,5 л., 197 КС, 34.990 евра).

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Panasonic претстави нова генерација проекциски дисплеј

Kia Stinger: Корејско осило за светската елита