Од отворањето на музејот на Mercedes, седум милиони намерници го посетија овој центар не само на историјата на марката со ѕвездата, туку и на автомобилската историја воопшто.
Музејот на Mercedes во Штутгарт денес го пречека седуммилионитиот посетител по отворањето пред девет години. Рајнер Кремер од Штутгарт пристигна во придружба на неговиот шестгодишен внук Дарио. Директорот на Mercedes-Benz Classic, Михаел Бок, на Дарио му подари вредносен бон за музејската продавница и покана за официјалното отворање на специјалната изложба „Безбедносни автомобили“, што музејот ќе ја постави на 1-ви декември и ќе трае до 17-ти декември. Шестгодишниот Дарио ќе може и лично да го запознае тркачот Берн Мајлендер, кој е матичен возач на безбедносниот автомобил на Mercedes во шампионатот во формула 1.