за

Светски рекорд со Nissan Note: Литванец влечеше 12 автомобили

Кога автомобилот не пали и треба да се поттурне, вистинскиот човек за помош е Зидринас Савицкас. Петкратниот „Најсилен човек во светот“ може да повлече и 12 автомобили одеднаш.

Пример за силината на овој човек се 425,5-те килограми што тој ги крева од клечење. Сега Савицкас постави нов светски рекорд во влечење низа автомобили во кого учествуваше и Nissan Note. Во рамките на изборот на автомобил на годината во Литванија, Савицкас повлече дванаесет Nissan Note со вкупна тежина од близу 13 тони. За тешката композиција да ја влече пет метри, на Литванецот му беа потребни 32,9 секунди. Претставниците на Гинисовата книга на рекорди дозволуваат само еден обид за поставување на овој рекорд, кој сега и официјално е признат.

112721_1_5

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинезите купуваат најмногу автомобили

Dacia Duster го наполни оружјето