за

Светски рекорд на идиоти: Групно чадење гуми на 103 автомобили

Луѓе врескаат, гуми чкрипат, чад насекаде, не останува воздух за дишење. Дали доаѓа апокалипсата? Не, тоа само стотина занесеници се собрале да постават уште еден рекорд што никому не му значи.

Првиот ден од 2015 година им донесе огромна радост на 103 уживатели во чадот од автомобилските гуми. Собрани на патека пред многубројна публика во рамките на летниот авто-фестивал во Канбера, овие Австралијци поставија нов рекорд за најбројно групно чадење гуми. Претходниот рекорд беше поставен во 2013 година, со само 69 автомобили. Ништо чудно ако за некој месец се соберат илјада вакви занесеници да го соборат и овој рекорд. Но, каква корист има светот од тоа? Порано автомобилите се собираа да се тркаат, да се докаже кој е најдобар и најбрз, а денес само се собираат. Австралиска работа, мора да им е многу здодевно таму долу.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тука се вози со 1000 КС: Најбесните тјунирани лимузини за шефовите

Возењето со снег на покрив е опасно