за

Салонот на автомобили во Женева привлече 687.000 посетители

Салонот во Женева заврши синоќа со традиционалното трубење на сирените на автомобилите. Производителите имаат причина за славење, поради големата посетеност на салонот и задоволната публика.

Салонот во Женева заврши синоќа со традиционалното трубење на сирените на автомобилите. Според првичните резултати од анкетите, дури 80 проценти од посетителите искажале мошне позитивни оцени за 86-то издание на салонот покрај езерото Леман. Покрај домашните автомобилски ентузијасти и потенцијални купувачи, околу 30 проценти од посетителите пристигнале од Франција, 6 проценти од Италија, 3 проценти од Германија, 1 процент од Австрија и 9 проценти од други земји. Два часа пред затворањето, салонот го посетиле вкупно 687.000 посетители или 0,7 проценти повеќе отколку лани.

Посебен печат на 86-то издание на салонот оставија големиот број моделски премиери, но и нови технологии. Дури десетина производители се „натпреваруваа“ во категоријата на моќност со над 1.000 КС, од кои повеќето комбинираа иновативни погонски технологии. Покрај тоа, женевскиот салон повторно докажа дека спортските теренци и кросовери станаа неизбежни во понудата на секој производител, со широкиот дијапазон на новитети, почнувајќи од Maserati Levante, па сé до триото Seat Ateca, Audi Q2 и Skoda VisionS.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По Honda NSX доаѓа редот и за NSX Type-R

Електрични ванови од Nissan во палатата на принцот од Монако