за ,

Сакате нарачката да се испорача во багажникот на вашето Volvo?

Volvo започна со испорака на нарачки директно во автомобилот. Засега може да се нарачаат храна и пијалоци, како и играчки и бебешки производи, но планот е услугата да добие многу поголеми димензии.

Volvo го разви и веќе го пушти во употреба системот In-car Delivery. Станува збор за систем што овозможува нарачаните производи од продажбата мрежа да се испорааат директно во автомобилот на корисникот. За таа цел, шведскиот производител соработува со локалната служба за достава, со онлајн-продавницата за прехранбени производи mat.se и со водечката онлајн-продавница за играчки и бебешки производи lekmer.com.

volvo in car delivery (1)Услугата засега е достапна само за возачите на Volvo во Гетеборг, кои се претплатени на сервисот „Volvo on Call“. Планот е таа наскоро да се прошири на целата територија на Шведска, како и во останатите земји. Покрај тоа, шведскиот производител на автомобили најавува и соработки со други партнери, заради зголемување од понудата на производи што може да се нарачаат.

Доставувачот користи дигитален „клуч“ за еднократна употреба за пристап во возилото

Volvo In-car Delivery функционира со дигитален клуч, кој се користи за еднократен пристап во возилото. Корисникот едноставно ги нарачува производител на интернет, на крај ја нарачува опцијата „испорака во возило“, по извршената испорака во паркираното возило добива порака и по завршувањето на работното време може спокојно да појде каде што намерил – со производите веќе испорачани во возилото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Grand Theft Auto V на професионален симулатор на возење?

Овој човек заработува превезувајќи луѓе преку мост