за

Руските санкции против западните автомобили најтешко ја погодуваат самата Русија

Целосната забрана на увоз на западни автомобили може да ѝ предизвика штета од 1,4 милијарда евра на Русија. Продажбата во последните два месеца опадна за четвртина.

Падот на економијата и политичката нестабилност веќе со месеци водат кон опаѓање на продажбата на рускиот пазар на автомобили. Во првите осум месеци од годинава се продадоа 12 проценти помалкуи автомобили, а во јули и август дури 25 проценти. Закрепнување на пазарот не е на повидок. Русија се соочува со ослабена кунјунктура, растечка инфлација и силна девалвација на рубљата. Неизвесниот исход од украинскиот конфликт и засилените санкции од страна на ЕУ и САД дополнително го зголемуваат притисокот.

Доколку Русија реагира со противмерки и го санкционира увозот на автомобили од Европа и САД, тоа ќе предивика натамошно слабеење на руската економија. Експертите предвидуваат три сценарија за ефектот од санкциите врз руската автомобилска индустрија:

1. Сценарио: Зголемување на царината за европски и американски продукти за 10 проценти

Ова би предизвикало само мал пад на предвидената продажба од 2,2 милиони автомобили во 2015 година. Европските и американските производители со производствени капацитети во Русија ќе можат да ја зајакнат локалната продукција, како спротивставување на повисоката увозна царина. На тој начин цените би се зголемиле незначително. Со оваа мера, Русија би профитирала. Приходите од данок на промет ќе се намалат, но зголемувањето на увозната царина ќе ја наполни државната каса со дополнителни 55 милиони евра.

2. Сценарио: Забрана за увоз на автомобили од ЕУ и САД со цена до 30.000 евра

При забрана за увоз на автомобили со цена до 30.000 евра, дефицитот на рускиот пазар ќе се компензира со засилен увоз од Азија и со поголем производствен волумен во локалните фабрики на европските и американските производители.

3. Сценарио: Забрана за увоз на сите видови автомобили од ЕУ и САД

Ова сценарио би предизвикало пад во продажбата на рускиот пазар за околу 110.000 возила. Државата во тој случај би морала да компензира за намалениот приход од данок на промет и увозна царина. Оваа мера најмногу би ѝ наштетила на самата Русија. Според експертите, приходот од даноци и царина во 2015 година би се намалил за околу 1,4 милијарда евра. Подеднакво ќе бидат погодени и западните производители, со намалување на заработката од рускиот пазар за 550 милиони евра. Добитници ќе бидат само азиските марки од Кина или Кореја, со рапидно зголемување на нивото пазарно учество.

Експертите предвидуваат дека последиците од руската криза ќе се чувствуваат во следните две години и ќе предизвикаат натамошно слабеење на рускиот пазар на автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Галерија: Како созреваше Renault Espace во трите децении

Ferrari 458 Speciale A: Последниот Ferrari со мотор без турбо