за

Русија издвојува 150 милиони евра за автопроизводителите во земјата

Руската влада најави огромни субвенции за големите производители на автомобили да не ја напуштат земјата. Opel и Chevrolet веќе си заминуваат, Volkswagen и Ford остануваат.

Производителите на автомобили ќе добијат од руската влада субвенции во висина од 10 милијарди рубљи, односно 156 милиони евра. Тоа е неопходна мера за спречување на натамошниот пад во продажбата. Американскиот концерн General Motors во средата најави затворање на фабриката во Ст. Петерсбург, како и повлекување на марката Opel од рускиот пазар. Продажбата на Opel во февруари забележа пад од дури 86 проценти во споредба со ланскиот февруари. Марката Chevrolet ќе ги задржи на пазарот единствено култните модели како Camaro или Corvette. Конкурентите Volkswagen и Ford најавија дека ќе останат во земјата и покрај огромните загуби. Продажбата од една страна трпи од санкциите на ЕУ, како и од слабата национална валута, којашто доведе до значително поскапување на увозната стока.

Рускиот пазар на автомобили во февруари е намален за 17 проценти, на 130.000 возила. Во минатата година во земјата се продадоа 2,49 милиони возила или десет проценти помалку отколку во 2013 година. Експертите предвидуваат дека пазарот во оваа година ќе се намали за натамошни 35 проценти. Подобрување се очекува дури в година. Руските власти размислуваат да воведат субвенции и за замена на старите автомобили со нови.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

740.000 електрични автомобили возат во светот

Производителите одбиваат да вградат заштита од враќање на километражата