за ,

Родстерот на Mazda го собори и милионот

Еден милион примероци од MX-5 се произведoa откако Mazda го претстави култниот родстер пред близу три децении. Никоја марка досега не успеала да продаде повеќе спортски двоседи.

Mazda веќе ги прославува титулите на светски автомобил на годината и најдобар дизајн на годината за MX-5, а сега добива уште еден повод за слава. Денес е произведен едномилионитиот примерок од родстерот, по точно 27 години откако Mazda стартуваше со производство на моделот во април 1989 година. Светот го доживеа најголемиот бум во продажбата на родстери откако Јапонците го претставија моделот на салонот во Чикаго во февруари 1989 година. Кога пристигна втората генерација во мај 2000 година, MX-5 се впиша и во гинисовата книга на рекорди, како најпродаван спортски автомобил со две седишта. Тогаш Mazda имаше произведено 551.890 примероци од моделот. Сега се еден милион.

mazda mx-5 milion 3

Родстерот има освоено над 250 награди. Четвртата моделска генерација стартуваше со продажба во минатата есен, а во почетокот на годинава ја освои и титулата на светски автомобил. Заедно со тоа пристигна и титулата на најдобро дизајниран автомобил во светот за оваа година, за потоа да следат награди за автомобил на годината во Јапонија и Велика Британија.

Mazda ќе се погрижи да им искаже благодарност на сопствениците и на фановите, со учество на повеќе манифестации. За почеток, јубилејниот MX-5 ќе учествува на Фестивалот на цвеќето во Хирошима, на 3-ти мај. Европа ќе го види милионитиот примерок на Фестивалот на брзината во Гудвуд, на 26-ти јуни.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Shell има замисла за градски автомобил на иднината

Само за Кина: Mercedes E-Class долга колку S-Class