за

Роботски минибус како такси на иднината

роботски минибус

Возењето автомобил во светските метрополи во иднина ќе стане бесмислено. Градовите растат, сообраќајот забавува. Визионерите гледаат решение во роботски минибус кој се движи самостојно и пристига со повик преку мобилна апликација.

Според студијата на Организацијата на Обединетите Нации, две третини од светското население во 2050 година ќе живее во градски средини. Од гледиште на индивидуалниот превоз, тоа ќе доведе до раст на бројот на сообраќајни незгоди, повеќе време потрошено во застои на патиштата, недоволно простор за паркирање, повеќе стрес и поголемо загадување на животната средина. Возењето автомобил ќе се претвори во мачно искуство.

Просечната брзина на сообраќајот во Лондон во 2016 година изнесувала 7,8 милји на час

Индустријата веќе се подготвува да се соочи со сите тие предизвици. Технолошкиот гигант и еден од водечките добавувачи на автомобилската бранша Continental го гледа решението во автоматизирање на индивидуалниот превоз. Нивното роботско такси наречено Cube веќе се подготвува да ги докаже своите предности во секојдневието. Уште во текот на оваа година во кругот на фабриката во близина на Франкфурт на Мајна ќе започне тестирање на Cube.

Роботски минибус со вештачка интелигенција против идните сообраќајни предизвици

На патеката за тестирање е обезбедено сé што може да претставува пречка за движењето на роботското такси. Сообраќајни знаци, наидување возила од попречен правец, пешачки премини и тротоари – цел град во мало. Cube ќе се снаоѓа во оваа урбана џунгла со помош на мноштво сензори, камери и софтвер.

Роботски автобуси на редовна линија во Хелсинки

Бидејќи возењето е препуштено на вештачката интелигенција, во кабината отсуствува класичното возачко место со сите контроли и команди за возење. Тука сé е предодредено патниците да се чувствуваат удобно и спокојно. Во поглед на погонската техника повеќе нема двоумење. Cube се движи со погон на струја.

Continental ќе открие повеќе детали околу своето роботско такси на салонот на автомобили во Франкфурт, во септември. Во меѓувреме уште неколку градови тестираат превоз со автономна технологија. Хелсинки стартува наесен, во Сингапур роботското такси е веќе реалност.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bugatti Chiron

Bugatti Chiron е последниот хиперавтомобил со класичен погон

Audi реклама Кина

Реклама на Audi ги разлути Кинезите