за

Реорганизација на персоналот во Volkswagen како вежба за концентрација

volkswagen amblem

Кусо летно четиво од одделението за односи со јавност на Volkswagen. Тоа што изгледа навидум безначајно, всушност ни дава одличен увид во исклучително комплексната организација и начинот на функционирање на мегабрендовите со глобално влијание. Нешто слично на светска администрација.

Значи, по ред. Андреас Кригер, на 50-годишна возраст, досегашен раководител со центарот за развој на претсериски возила, во иднина ја презема одговорноста за моделите од основните класи на марката Volkswagen. Тој ја наследува функцијата од Клаус-Герхард Волперт (60), кој од 1-ви октомври 2017 заминува во пензија.

Главен за моделските серии од средната и вишата класа во иднина ќе биде др. Штефан Гис (54), досегашен раководител за развој на подвозје. Тој ја презема новата функција од др. Елмар-Мариус Лихарц (47), кој во иднина ќе раководи со новото подрачје на дигитализација на финансиите во концернот. Шеф за развој на подвозје станува Фридрих Ајхлер (57), досега главен во развојот на агрегати.

Новите раководители ќе ги преземат своите работни позиции на 1-ви септември 2017. Реторички, кој е одговорен за дизел-аферата?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla model x vs lambo aventador

Tesla Model X против Lamborghini Aventador: Едниот е нов рекордер

volkswagen i.d. buzz

Електричниот Volkswagen I.D. Buzz оди во серија во 2022