за

Рекордна штедливост на новиот мотор на Peugeot: 2,85 L/100 km

Peugeot 308, автомобилот на годината, со новиот бензинец 1.2 THP 130 извозе преку 1.800 километри со еден резервоар.

На тест возењето на рута во Алмерија, Шпанија, сериски Peugeot 308 1.2 THP 130 помина дури 1.810 километри со едно полнење на резервоарот. Франуцскиот компакт потроши само 51,4 литри бензин на ова тест возење во траење од 32 часови, што одговара на просечна потрошувачка од 2,85 литри бензин на сто километри. Рекордното возење во коешто учествуваа повеќе возачи се одвиваше под надзор на француската организација UTAC.

Овој исклучителен резултат ја докажува штедливоста на моторите од новата генерација PureTech. Трицилиндарските бензинци со турбонатполнење и зафатнина од 1,2 литар се достапни во верзии со силина од 110 и 130 КС, и доживеаја премиера токму во Peugeot 308. Според фабричката декларација, Peugeot 308 со посилниот мотор троши во просек 4,6 литри на сто километри.

Дизелскиот BlueHDi исто така одушевува со просекот од 3,1 литри

Примерни вредности на потрошувачка прикажува и дизелскиот мотор во Peugeot 308. Новиот BlueHDi со 120 КС троши во просек 3,1 литри на сто километри и испушта 82 грами СО2 на километар. Сите мотори од генерацијата BlueHDi ја исполнуваат нормата Еуро 6.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест • Lexus IS 300h F Sport

Новиот Audi R8 влегува во завршно тестирање