за

Рекорден дрифт за Nissan GT-R: Лизгање со 300 километри на час

Nissan GT-R постави нов рекорд за најбрз дрифт. Самото возење на правец со над 300 километри на час претставува врвно возачко доживување, а Масато Кавабата при таа брзина може да си дозволи и да лизга на сите четири.

Лизгање под агол од 30 степени при брзина од тристотини и пет километри на час – така изгледаше спектаклот што Nissan GT-R го приреди при поставувањето на новиот рекорд за најбрз дрифт според Гинис. Масато Кавабата е мајсторот што со брзина од 304,96 km/h го собори досегашниот рекорд на Јакуб Прзигонски од Полска, на затворена писта на аеродромот Фуџаира во Емиратите. Кавабата ги имаше и потребните квалификации за тоа, сепак тој е актуелен јапонски шампион во дрифт.

nissan gt-r drift 1

Сосема очекувано, во посебната подготовка на GT-R за овој подвиг вмешаа прсти и инженерите од специјалното одделение Nismo. Јапонскиот суперспортист беше подготвен со 1.380 КС и со целосна распределба на моќта на задната оска. Сите претходни тестирања беа извршени на тркачката патека Фуџи во Јапонија, со цел да се обезбеди потребното ниво на контрола над возилото при вакви екстремни услови на возење.

Видеото од настанот уште не е објавено, но како Кавабата го владее дрифтот може да се погледне и на следнава снимка.

https://youtu.be/LVptDa0FO78

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes со најдобра месечна продажба во историјата

Вложувањето во олдтајмери носи заработка и до 200 проценти