за

Редок примерок на Fiat 500 оди на наддавање во Англија

За десетина денови на наддавање во англискиот Силверстоун ќе се појави исклучително редок автомобил врз база на Fiat 500. Се очекува овој Steyr Puch 500 да достигне вредност до 23.000 евра.
Puch 500 е името на автомобилот што Steyr-Daimler-Puch го произведуваше во Грац, во Австрија, откако компанијата реши да продолжи со производство на автомобили во 1954 година. Со цел да ги избегне скапите трошоци за развој на комплетно нов модел, Австријците решија да потпишат договор со Fiat за лиценцно производство на малечкиот 500, со заден капак, покрив, мотор, менувач и шасија произведени во Грац.

Тоа што го особено вреден примерокот стар 54 години за наддавањето на 20-ти септември во Силверстоун е фактот што се работи за единствениот преостанат примерок од Steyr Puch 500 со волан од десна страна, покрај оној што се наоѓа во музејот на марката во Австрија. Сегашниот сопственик го купил возилото во минатата година од Ирец, кој 28 години го чувал автомобилот во совршена состојба. По освежувањето на кабината, замена на гумите и неколку зафати во механиката, овој австриски „тополино“ сега ќе си ја проба среќата на аукција – поточно, среќата ќе си ја пробаат членовите од заедницата на љубители на Steyr/Fiat, да дојдат до овој исклучително редок и вреден примерок.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автомобилот по паметот на часовникот: Apple Watch за i-BMW

За следното лето: Кабриолет од серијата 2 на BMW