за

Работниците на Dacia демонстрираат за изградба на автопат

Околу 11.000 лица демонстрираа во средата за државата да изгради автопат до фабриката на Dacia во гратчето Миовени, со што ќе се подобри извозот на романските автомобили.

Најголемиот дел од демонстрантите се вработени во фабриката на Dacia, којашто е во главнинска сопственост на франускиот концерн Renault и е еден од најголемите работодавци во Романија.

Претседателот Басеску стравува дека Renault ќе се повлече од Романија

Главното барање на протестите е изградба на автопат од Миовени во правец на запад, со цел да се олесни извозот на автомобилите што се произведуваат во фабриката на Dacia. Околу проектот за изградба на автопатот подолго време се води спор, затоа што некои членови на романската влада преферираат алтернативна рута со која што значително се продолжува транспортот на возилата од Миовени кон Западот. Романскиот претседател Трајан Басеску предупреди за опасноста од повлекување на Renault од државата, доколку не се изгради поевтиното и покусо решение. Renault сепак ја исклучи таквата можност.

Демонстрантите реагираа на повикот на нивните синдикални здруженија. Тие се побунија и против работното законодавство, кое што им дава предност на вработувањата на определен рок. Се бара и подобрување на обуката на квалификуваните работници, како и финансиска помош од државата за новите претпријатија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кореа Ауто Трејд во традиционална хуманитарна акција

Mercedes разви автоматски менувач со 9 степени