за

Против загадувањето на воздухот: Рим без автомобили во недела

„Квалитетот на воздухот е неприфатлив“, пишува на електронската инфо-табла во Рим.

Возилата во вечниот град утре ќе бидат ставени во мирување, како мерка за намалување на загаденоста на воздухот. Истото ќе се повтори во последната недела од февруари.

Сообраќајот во зелениот појас на Рим ќе биде затворен утре во два повеќечасовни периоди. Оваа мерка е дел од програмата за намалување на загаденоста на воздухот во италијанската престолнина и ќе се повтори во последната недела од февруари. Од забраната за сообраќај се исклучени возилата со електричен и хибриден погон, како и автомобилите со бензински и дизел мотори коишто ја задоволуваат нормата Euro 5, вклучувајќи и автомобили со погон на метан и автогас, како и мотоцикли според Euro 2 и Euro 3. За непочитување на забраната за сообраќај во зелениот градски појас во периодот меѓу 7.30 и 12.30 часот и 16.30 до 20.30 часот следува казна во висина од 163 евра.

Рим почна со ограничување на сообраќајот во градот кон крајот на минатата година и спроведе денови без сообраќај на 16-ти ноември и на 28-ми декември.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Теренец на база на VW Polo доаѓа во 2016

Skoda го произведе 17-милионитиот автомобил