за

Протераниот основач на Tesla го возвраќа ударот

мартин еберхарт tesla

Мартин Еберхарт, еден од основачите на Tesla, пред една и пол година отвори фирма за развој на батерии и електромотори за електрични возила. Фирмата неодамна премина во сопственост на гигантски концерн од Кина, кој наскоро започнува со производство на електрични возила. Вистината за Tesla повторно излегува на виделина.

Вистинските основачи на Tesla се Мартин Еберхарт и Марк Тарпенинг. Тие во 2003 година ја основаа стартап-компанијата за електрични автомобили во Калифорнија. Илон Маск се приклучи како еден од главните инвеститори, покрај основачите на Google, Сергеј Брин и Лари Пејџ, како и основачот на eBay, Џеф Скол. Меѓу Еберхарт и Маск имаше жестоки расправии, Маск се прослави како шеф на Tesla, Еберхарт си замина во 2007 година. Тоа е кусата и жална верзија на приказната околу почетоците на калифорниската компанија.

Но, приказната добива продолжение. Еберхарт се враќа на сцената на електричните автомобили. Пред една и пол година тој ја основаше фирмата Inevit, којашто во октомври премина во сопственост на компанијата SF Motors. Електроинженерот Еберхарт е задолжен за развојот и раководи со претпријатието со неколку стотини вработени, од коишто повеќето се пристигнати од Tesla, Faraday Future и LeEco.

SF Motors ќе произведува електрични автомобили во поранешната фабрика на Hummer во Индијана

Пред неколку денови SF Motors ја купи фабриката во Индијана во којашто порано се произведуваа теренските возила од марката Hummer. Зделката ги чинеше SF над 110 милиони долари. Како фирма ќерка на кинеската групација Sokon, SF Motors има лиценца за производство на електрични автомобили.

Електричните автомобили досега ги произведуваа луѓе што не ги сакаат автомобилите. Тие бараат купувачот да го смени својот пристап и тоа е грешка. Ние мораме на купувачот да му понудиме автомобил што тој ќе посака да го поседува Мартин Еберхарт, изјава во 2003 година

 

Фирмата што носи убави вести на сцената на електромобилноста нема да ги повтори грешките на останатите кинеско-калифорниски фирми за производство на електрични автомобили. SF не излегува со бомбастични соопштенија пред јавноста, ниту пак најавува амбициозни планови. Компанијата ќе се претстави пред светот дури откако ќе стартува производството и ќе се постави потребната инфраструктура.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Илон Маск не е основач на Tesla, дали тој денес само ги реализира плановите на вистинскиот основач Еберхарт?

Мартин Еберхарт, заедно со Марк Тарпенинг, во 2003 година ја основа фирмата Tesla Motors Incorporated, со цел да произведува конкурентни и атрактивни електрични автомобили. Финансиери се милијардерот и основач на PayPal, Илон Маск, основачите на Google, Сергеј Брин и Лери Пејџ, основачот на eBay, Џеф Скол, како и големите финансиери Vantage Point, Draper Fisher Jurvetson и JP Morgan.

Еберхарт е претседател на извршниот одбор, до неговата смена од првата позиција во компанијата во август 2007 година. На негово место доаѓа Мајкл Маркс, поранешен прв човек на Flextronic. На Еберхарт му припаѓа позицијата на шеф за развој. По четири месеци, тој повеќе не е вработен во компанијата, туку е само акционер.

Се разоткрива вистината зошто Маск најавува спектакли што неговата компанија не може да ги реализира

Вистината за Tesla е дека Илон Маск, по неговото пристапување како инвеститор, работел на тоа да ја преземе целосната контрола врз компанијата и да го истера Еберхарт на крајот на 2007 година. Илон Маск ја создаде и легендата дека е основач и визионер на Tesla. Во 2009 година, Еберхарт поднесува тужба против Маск пред Врховниот суд на Калифорнија, за клевета, оговарање, прекршување на договорот, повреда на обврски и неисплатување на удели и плати.

 [/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Секако дека првото прашање е дали компанијата што сега ја предводи Еберхарт ќе прерасне во конкурент на Tesla? Автомобилскиот огранок на концернот Sokon лани продал близу четиристотини илјади електрични автомобили на кинескиот пазар. Јасно е дека зад SF стои силна финансиска поддршка, но и експерт кој е способен да ја вивне новата марка електрични автомобили на сцената.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

камионот на Tesla

Камионот на Tesla чини 150.000 долари: Испорака на крај на 2019

електрични велосипеди студија bosch

За десет години секој втор велосипед ќе биде електричен