за ,

Производството на Ford GT продолжено за уште две години

Поради огромниот интерес, Ford реши да даде дополнителни две години за производството на суперспортскиот GT. Автомобилот по цена од половина милион евра беше планирано да се изработи во серија од само 500 примероци.

Ford реши да го остави суперспортскиот GT уште две години во производство. Според првичните планови, во оваа и во следната година требаше да се произведат вкупно 500 примероци. Заинтересираните купувачи мораа буквално да се квалификуваат за стекнување право за купување на Ford GT, а тоа значеше или да поседуваат барем по еден примерок од претходните генерации на моделот или да се долгогодишни клиенти на марката.

Во 2018 година ќе следува нов круг на кандидатури за дополнителната квота од Ford GT. Заинтересираните купувачи што веќе се имаат пријавено за моделот ќе добијат известување навреме и за кандидирање ќе биде доволно само да ја обноват поднесената апликација.

Во третата година ќе се произведуваат нарачаните примероци што во моментов се наоѓаат на листата на чекање, додека оние што ги пропуштиле претходните конкурси ќе добијат шанса за кандидирање за четвртата година на производство на моделот. Ford GT поседува 600 КС и чини над половина милион евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Centenario Roadster за дваесетмина брзи среќници

Volkswagen се спогоди со добавувачите, производството продолжува