за ,

Проект во Гренобл: Изнајми автомобил на 15 минути, па врати се со сопствениот

Петнаесетминутно изнајмување на електричните трицикли чини 3 евра, а со годишна карта две ера

Во францускиот град Гренобл стартуваше проект со којшто електрични автомобили може да се изнајмат евтино на само десетина минути и да се остават каде било. И изборот на автомобили е интересен. Многу интересен…

Електричните автомобили на Toyota и средствата за јавен превоз во иднина ќе создадат бескомпримисно решение за секојдневно движење на територијата на францускиот град Гренобл. Во проектот „Cité lib by Ha:mo” учествуваат пет партнери – покрај Toyota и градот Гренобл, тука се уште регионот Гренобл, снабдувачот со електрична енергија EDF и неговата посестринска фирма Sodetrel.

Идејата за краткотрајно изнајмување на автомобилите е иновативна од повеќе аспекти. Со седумдесетте малечки возила на струја може да се отпатува во кој било дел од градот, без потреба истите да се вратат на појдовната точка. Возилата и полначите за струја се интегрирани во мрежата за јавен транспорт на градот Гренобл, што го олеснува планирањето на рутата. Дознавањето на локацијата на најблиското возило и неговото резервирање може да се извршат преку интернет или преку апликација за мобилен телефон.

Најинтересни се сепак возилата што Toyota ги испорача за овој проект. Возниот парк од 70 електрични возила го сочинуваат 35 примероци од трициклот i-Road, со подвижност на скутер и комфор и заштита на автомобил, како и 35 примероци од електричниот автомобил Coms. Возилата по користењето се оставаат на посебно обележани површини во градот, коишто се резервирани за нив и со тоа отпаѓа проблемот со наоѓање на место за паркирање и коишто обично се наоѓаат блиску до станиците на јавниот превоз. Малите димензии на возилата овозможуваат градот во иднина да го зголеми бројот на локации на коишто може да се остават возилата. Освен со возилата, Toyota учествува во проектот и со системот за управување со возниот парк од возила за краткотрајно изнајмување со име Ha:mo (од хармонична мобилност), којшто веќе подолго време се користи и во матичниот град на фирмата во јапонскиот Тојота Сити.

Цената за користење се одредува според времетраењето. Првите 15 минути чинат три евра, а за секои следни 15 минути цената се намалува на едно евро. Два часа изнајмување чини 11 евра, а четири часови 19 евра. За сопствениците на годишна карта за јавниот градски превоз постои повластена тарифа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW ќе го претстави новиот дволитарски дизел во Париз

40-годишнина на Honda Gold Wing: Некои автомобили се помали од него