за

Продолжува растот во продажбата на автомобили во Европа

Најголемите автопазари во светот останаа во добра форма во јули. Во Европа се продадоа за пет проценти повеќе возила, додека во САД продажбата порасна за дури 9 проценти.

Западноевропскиот пазар на автомобили расте во континуитет веќе единаесет месеци – зголемувањето на продажбата во јули изнесува 5 проценти. Продажбата во САД се зголеми за 9%, во Кина за единаесет проценти. Како што се очекуваше, во минус се пазарите Бразил (-14%) и Русија (-23%).

Во јули, во Западна Европа се продадоа околу еден милион нови возила. Повеќето од главните национални пазари се во раст: Велика Британија забележа плус од 7%, Италија пет проценти, Шпанија за дури 11 проценти. Експертите ценат дека причина за падот од 4% во Франција е фактот што во јули имаше еден работен ден помалку, односно Денот на француската нација се падна во работен ден. Помалите пазари бележат уште поубедливо процентуално зголемување, особено на „кризните“ пазари: Ирска (+61%), Португалија (+31%), Грција (+18%). Во првите седум месеци во Западна Европа се продадоа вкупно 7,4 милиони автомобили, односно 5 проценти повеќе отколку во истиот период лани.

Во Кина во првите седум месеци веќе е надмината бројката од 10 милиони продадени примероци, што претставува раст од 14 проценти. Само во јули се продадоа 1,3 милион возила, односно 11 проценти повеќе од ланскиот јули. Продажбата во Јапонија продолжува да опаѓа, што се должи на априлското зголемување на ДДВ и претходно предизвиканиот продажен бум. За јули, продажбата во Јапонија изнесува 391.400 возила, односно околу 3 милиони во периодот од јануари до јули.

Рускиот пазар на автомобили во минатиот месец покажа значително опаѓање. Со 180.800 автомобили, продажбата е за 23 проценти под минатиот јули. Вкупно во периодот од јануари до јули, во Русија се продадоа 1,4 милион возила или десетина проценти помалку од лани. Податоците од продажбата на возила на македонскиот пазар за месец јуни можете да ги погледнете тука.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla го постави 50-от полнач за електромобили во Европа

Кина поведе истрага против 1000 автомобилски фирми