за

Продолжуваат проблемите на Renault со француската влада

Renault побара свикување итна седница на управниот одбор на којашто ќе се расправа за спорот со француската влада околу продолжувањето на алијансата со Nissan.

Управниот одбор на францускиот производител на автомобили ќе се состане во следните денови да расправа околу трајниот конфликт меѓу шефот на Renault-Nissan, Гарлос Гон, и министерот за економија Емануел Макрон, којшто беше предизвикан во април, откако владата ненадејно реши да го зголеми своето учество во акциите на Renault и на тој начин да обезбеди право на двоен глас.

Со привременото зголемување на учеството во акциите на Renault од 15 на 19,7 проценти, Франција го блокираше барањето на Гон за укинување на правото на двоен глас на долгогодишните инвеститори. Француската влада на тој начин трајно ќе ги зголеми своите гласови откако законот ќе стапи во сила во април 2016 година, што носи голема неизвесност за продолжувањето на соработката со партнерот Nissan, каде што Renault учествува со 43,4 проценти.

Nissan учествува со две третини во продажбата на алијансата, но нема право на глас

Јапонската марка постигнува две третини во вкупната продажба на возила на алијансата Renault-Nissan и соодветно на тоа носи поголем профит, но и покрај учеството со 15 проценти во акциите на Renault, Nissan нема право на глас. Следниот чекор на Nissan ќе биде ревизија на спогодбата за алијанса со Renault, со цел јапонската марка да добие поголем удел во акциите на францускиот производител на автомобили.

Владата засега не покажува намери да се откаже од планот да обезбеди повеќе гласови. Министерот Макрон коментира: „Кога Nissan беше во криза, Renault го презеде ризикот со инвестирањето готови пари во компанијата, место да инвестира во сопствените капацитети. Ние сме акционери во Renault уште од 1945 година, што претставува мошне долг период и поради тоа имаме легитимност да ги удвоиме нашите гласови.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Американската“ Kia со најдобар октомври во историјата

Smart шест месеци бесплатно – но, под еден услов