за

Продажен бум на српскиот пазар на автомобили: Раст од преку 30%

Продажбата на нови автомобили кај северниот сосед продолжува да расте рапидно. Skoda го задржа лидерството пред Fiat, но Renault е во голем пазарен подем. Во првите три месеци од годинава во Србија се продадени 5.644 нови автомобили.

Бројките од продажбата на нови автомобили на српскиот пазар во првото тромесечје од годинава покажуваат дека продолжува растечкиот тренд, започнат кон крајот на минатата година. Според официјалните податоци, во март е постигнат историски рекордна вредност на раст на продажбата, во споредба со истиот месец претходната година.

Угорниот тренд почна да се навестува уште во јануари, кога на српскиот пазар се продадоа 1.334 возила или за 19 проценти повеќе отколку во истиот месец во ланската година, за растот да се потврди во февруари, со зголемување на продажбата за 26,8% или вкупно 1.576 продажби на нови автомобили. Потоа следеше мартовската продажба со фантастичен скок од 38,8 проценти и 2.734 возила. Досега на српскиот пазар се нема случено толку голем месечен раст во споредба со ист месец во претходна година. За целото тромесечје, продажбата во Србија достигнала 5.644 возила, односно истата е зголемена за 30,2 проценти.

Skoda води пред Fiat, но силно напаѓа Renault

Најпродавана марка во периодот од јануари до март е Skoda, со 821 продадени возила, по којашто следи Fiat со 762 возила. Третото место му припаѓа на Renault со 603 возила и со фантастичен раст од 105,1 проценти во споредба со првото тромесечје лани. Водечката петорка ја заокружуваат Volkswagen (494 возила, +20,5%) и Hyundai (416 возила, +215,2%).

За споредба, во првото тромесечје во Македонија се увезени 1.013 нови патнички автомобили. Според последните ажурирани податоци, во април годинава најмногу патнички автомобили има продадено марката Volkswagen, со 79 примероци, потоа следат Opel со 45 возила, Skoda со 44, Ford со 30 и Citroen со 24 продадени нови автомобили.

Најпродавани 10 модели во Србија во првото тромесечје од годинава

Марка и модел Примероци Промена во %
1 Skoda Rapid 338 0,0
2 Skoda Octavia 280 3,1
2 Fiat 500L 280 22,8
3 Hyundai i30 205
4 Ford Fiesta 189 43,2
5 Dacia Sandero 186 40,9
6 Skoda Fabia 184 -42,1
7 Renault Clio 165 35,2
8 Hyundai Tucson 164
9 Skoda Superb 145 40,8

 

Најпродавани 10 марки во Србија во првото тромесечје од годинава

Марка и модел Примероци Промена во %
1 Skoda 821 -5,8
2 Fiat 762 22,7
3 Renault 603 105,1
4 Volkswagen 494 20,5
5 Hyundai 416 215,2
6 Dacia 399 25,1
7 Opel 372 61,7
8 Ford 362 11,7
9 Toyota 241 33,9
10 Kia 167 3,1

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова се десетте најпродавани градски автомобили во Европа

Renault Clio со нов изглед пристига во септември