за

Продажбата на Volvo продолжува по нагорна линија

Шведската марка со кинески капитал продолжува да го освојува пазарот. За последниот месец, Volvo пријави продажба зголемена за над 10 проценти. Класичарот XC60 и натаму е најпродаван модел.

Volvo го задржува растот во продажбата и во април продаде за 11,3 проценти повеќе возила отколку во истиот месец лани, со 42.434 примероци. Главен мотор во продажбата е престижниот теренец XC90, но првото место меѓу моделите и натаму го држи „класичарот“ XC60, кој е на пазарот уште од 2008 година. За првите четири месеци од годинава, растот изнесува 11,8 проценти на глобално ниво.

Во САД во април се продадоа за 33,1 проценти повеќе возила отколку во истиот месец лани, со 6.169 примероци. Најпродаван модел од другата страна на океанот е Volvo XC90. Европската продажба за Volvo порасна за 12,3 проценти, со најмногу возила продадени на домашниот пазар (6.635 возила, +10,3%), пред Германија, Франција, Велика Британија и Холандија. Втор најголем пазар за марката во април е Кина, со 6.280 продадени примероци. Најпопуларни модели кај Кинезите се локално произведуваните XC60 и S60L.

Volvo Amazon: Тој го градеше имиџот на шведската марка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рекорден собир на 1.350 возила на релито „Simply Ford“

Volkswagen стартува нова генерација бензински мотори TSI evo