за

Продажбата на Porsche за првпат надмина 200.000 возила

Од јануари до ноември, Porsche испорача 209.894 возила во светот. Тоа е за една четвртина повеќе отколку во истиот период лани. Една четвртина од возилата се продадоа во Кина.

Спортската марка од Цуфенхаузен продаде 209.894 возила во периодот од јануари до ноември годинава. Тоа претставува пораст од 24 проценти во споредба со истиот период лани. Според тоа, Porsche за првпат во историјата на фирмата ја надмина бројката од 200.000 возила испорачани на сопствениците во една година. Фирмата уште лани имаше рекордна година, со 189.849 возила, но сега и тој рекорд е историски.

Само во ноември се испорачаа 18.110 возила во светот. Најголемиот поттик во продажбата дојде од големиот спортски теренец Cayenne, кој со 6.579 примероци во ноември достигна раст од 39 проценти во споредба со ланскиот ноември. Cayenne е бестселер и во целиот период од јануари до ноември, со 69.029 испорачани примероци низ светот.

Најголем единечен пазар годинава е Кина, каде што Porsche испорача 54.302 возила. Кинескиот пазар апсорбираше 34 проценти повеќе возила отколку лани. На второто место се САД со 47.819 испорачани возила. Во европскиот регион се продадоа 70.509 возила на Porsche или 30 проценти повеќе отколку лани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кина ги престигна САД како најголем пазар за електрични возила

Mercedes ја претвори новата E-Class во спа-центар