за

Продажбата на Citroen повторно оди по нагорна линија

Во првите шест месеци од годинава француската марка продаде 624.000 возила низ светот, што претставува пораст од 7 проценти и се темели главно на успехот во Европа и Кина.

Благодарение на растечкиот интерес на европскиот и кинескиот пазар, како два клучни пазара на кои што Citroen пласира дури 85 проценти од своите автомобили, глобалната продажба во периодот од јануари до јуни достигна 624.000 примероци, односно плус од 7 проценти. Овој пораст е над просечната стапка на пазарите, што укажува на фактот дека Citroen во моментов им одзема повеќе потенцијални клиенти на конкурентските марки, отколку што тие одземаат од него. На 30-те најголеми пазари за Citroen во Европа, порастот изнесува повеќе од 10 проценти, а соодветно се зголемува и пазарниот удел. Од 100 продадени возила во Европа, 5 го носат со двојниот запченик во маската.

Нов рекорд бележи и кинескиот пазар со 160.000 продадени возила и плус од 16 проценти. Домашниот пазар исто така е расположен за актуелната понуда на модели на француската марка – со порастот од осум проценти, Citroen е над просекот на францускиот пазар од 3 проценти, додека пазарното учество изнесува 12,2 проценти. Околу 40 проценти од производството на Citroen моментно одат за извоз.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Престижна награда за дизајн за Škoda Rapid Spaceback

Mazda ја претстави новата „двојка“