за

Продажбата на електрични автомобили во Европа порасна за една третина

За една третина е зголемен бројот на возачи во Европа кои повеќе не се засегнати од трендовите во цената на нафтата. Над 35.000 електрични и плагин-хибридни возила се продале во првото тромесечје.

Вкупниот број на возила со алтернативен погон на пазарите во ЕУ се зголемил за 6,4 проценти во првото тромесечје од годинава. Вкупно 154.795 нови возила со електричен, плагин-хибриден и обичен хибриден погон, како и со погон на метан или автогас се продадени од почетокот на годинава.

Само електричните возила, кадешто покрај автомобилите со погон на батерии се вбројуваат и плагин-хибридите, забележале раст од 26,8% во споредба со првото тромесечје лани, со 35.730 примероци. Посебно за овие категории, продажбата на електричните возила се зголемила за дури 33,9%, додека на плагин-хибридите за 23,5%. Обичните хибриди исто така се во пораст, со 30,1% и 60.530 продадени примероци во трите месеци. Во исто време опаѓа интересот за возила со погон на метан и автогас, со -22,4% или 49.535 возила, што е за околу 15.000 примероци помалку отколку лани.

Најголем пораст во продажбата на возила со алтернативен погон меѓу носечките пазари во ЕУ забележале Шпанија (51.9%), Франција (+28.7%), Велика Британија (+23.7%) и Германија (+13.0%). Растот во најголем дел се должи на зголемената продажба на електрични и хибридни возила, особено во Велика Британија и Франција, каде што е регистриран и најголем број нови електромобили. Италија има негативен тренд со -12,9%, што се должи на намалениот број на возила со погон на метан и автогас, коишто се уште учествуваат со над 80 проценти во целиот пазар од возила со алтернативен погон во земјата.

Вклучувајќи ги земјите од европската слободна трговска зона (ЕФТА), лидер во продажбата на електрични возила и натаму е Норвешка, со 6.425 примероци.

Продажба на електрични автомобили во ЕУ и ЕФТА

Продажба во 1-во тромесечје Промена во %
Норвешка 6,425 -10.8
Франција 6,022 107.4
Велика Британија 3,164 20.2
Германија 2,332 -1.7
Холандија 1,164 -0.3
Австрија 992 149.2
Швајцарија 773 37.5
Шведска 663 32.9
Белгија 584 61.8
Шпанија 405 120.1
Италија 404 -31.1
Ирска 259 4.0
Португалија 157 45.4
Данска 126 -79.8
Финска 77 18.5
Унгарија 51 218.8
Чешка 44 -48.8
Полска 20 66.7
Естонија 18 -30.8
Литванија 14 40.0
Словачка 8 -52.9
Латвија 5 150.0
Романија 5 400.0
Грција 4 -20.0
Бугарија 1 -90.0

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Superb отсега го полни мобилниот телефон без кабел

Десет малку познати факти од историјата на Lamborghini