за ,

Продажбата на електрични автомобили во Шведска во раст од 67%

Шведскиот пазар за електрични автомобили во октомври порасна за повеќе од две третини во споредба со истиот месец лани. Дури 1.209 автомобили со електричен и плагин-хибриден погон се продадоа во скандинавската земја само минатиот месец. Од почетокот на годинава, Швеѓаните се подновија со вкупно 10.616 возила со електричен погон.

Швеѓаните се на добар пат да го реализираат планот, до 2020 година целосно да се ослободат од фосилните горива и со тоа да станат прва држава во светот што ќе применува горива исклучиво од одржливи извори. Во минатиот месец, на шведскиот пазар се продадоа 1.209 возила со електричен погон или 67 проценти повеќе отколку во ланскиот октомври. Продажбата од почетокот на годинава бележи 10.616 возила со електричен или плагин-хибриден погон, што е раст од 82 проценти.

Најпродаван модел во октомври е плагин-хибридот Volkswagen Passat GTE со рекордни 474 примероци, пред Mitsubishi Outlander PHEV (182 возила) и електричниот Nissan Leaf со 78 примероци. Од почетокот на годинава, Passat има постигнато 3.359 продажби, плагин-хибридот Outlander PHEV достигна 1.276 примероци, додека третопласираниот Volvo V60 PHEV следи со 981 примерок.

Втор месец на шведскиот пазар се присутни возила со погон на водород. Пет примероци од Hyundai ix35 FCEV се регистрирани во октомври. Во скандинавската земја моментно се возат 13 примероци од водородниот Hyundai и два примерока од Toyota Mirai.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Дамите сé почесто зад воланот на спортските модели на Ford

еколошките автомобили британија

Во Европа секој ден се продаваат по 500 електрични автомобили