за

Премиерот на Јапонија ќе вози автомобил на водород

Јапонскиот премиер Шинзо Абе е првиот „сопственик“ на Toyota Mirai

Јапонскиот премиер Шинзо Абе ги доби клучевите од автомобилот со погон на водород од Toyota. Претседателот на компанијата Toyota, Акио Тојода, покажа голема радост на церемонијата на предавање на Toyota Mirai: „Ова е историски чекор и навистина сум возбуден. Ова ќе биде долго патување, и за овој чекор да го направиме историски, потребно е сите да соработуваме.“ Притоа, Тојода мисли на понудата за слободно користење на своите патенти за погонот на водород од страна на конкурентските производители на автомобили, со цел да се интензивира примената на водородниот погон.

Toyota Mirai е прв автомобил со погон со горивни ќелии што стартуваше со редовна продажба. Револуционерниот автомобил што користи чист водород како погонско гориво се продава на јапонскиот пазар од средината на минатиот месец и досега неколкукратно ги надмина очекувањата на производителот. За триесетина денови, Mirai се продаде во 1.500 примероци во Јапонија. Toyota првично планираше да продаде 400 примероци од Mirai до крајот на 2015 година.

За тоа колку е далеку Mirai од реалноста на македонските патишта може да посведочи паралелата меѓу активностите на премиерите: Додека Шинзо Абе седнува во автомобил што го претвора водородот во струја и притоа од издувот излегува лабораториски чиста вода, нашиот „ПМ“ е во Раџастан.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто салон на автомобили не може да биде саем на автомобили?

Aston Martin повторно во сервис: Задникот се вжештува