за

Премиера на Subaru Legacy на салонот во Чикаго

Јапонската лимузина со боксер мотори и погон на сите тркала доживеа премиера како сериски модел на салонот во Чикаго. Под хаубата и натаму работат боксер мотори.

Само две работи останаа непроменети во новата генерација на Subaru Legacy. Под хаубата и натаму работат боксер мотори, а погонот на сите тркала е стандард во сите моделски изведби. Во сите други подрачја се случи револуција. Новиот Subaru Legacy е многу попросторен од стариот. Тоа се овозможи со поместувањето на патничката кабина нанапред, заедно со ветробранското стакло. За подоброто просторно чувство придонесуваат и потесните облоги на вратите. На крај, порасна и багажникот.

PRIORITY HIGH RES

Боксер моторите се специјалност на Subaru

Изгледот на новиот модел од средната класа е значително подинамичен, но за пофалба е и тоа што останаа препознатливите белези на марката. Во стилот на куќата, серискиот модел изгледа мошне слично со студискиот автомобил што беше прикажан во минатата есен во Лос Анџелес. Разликата е првенствено во тоа хаубата е изработена од алуминиум, а предната маска има активна решетка што се затвора при повисока брзина и со тоа ја подобрува аеродинамиката.

Под алуминиумската хауба работат боксер мотори со четири и шест цилиндри. Основниот четирицилиндарец има 2,5 литри зафатнина и моќност од 178 КС, додека шестцилиндарскиот мотор ги црпи 260-те КС од 3,6 литри зафатнина. Обата мотора за американскиот пазар се нудат во комбинација со менувач со променлив преносен однос. На европскиот пазар ќе се нуди уште еден четирицилиндарец и задолжителниот дизел. Последната верзија на електронски контролираниот симетричен погон на сите тркала го распределува вртежниот момент различно на сите четири тркала.

15TDI_BF4Lb005

Комплетна промена доживеа и командната табла, која што сега оддава поубедлив впечаток за квалитет. Во понудата на системи за асистенција се наоѓаат систем за следење лента и систем за контрола на мртвите агли, како и предупредување на крстосница, кога попречно наидува автомобил.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Panamera по вкус на Марија Шарапова

Година на теренци: Преку 30 нови модели во 2014