за

Пред 30 години: Победничкиот поход на Peugeot 205 Turbo 16

Пред точно 30 години Peugeot 205 Turbo 16 ја постигна првата победа во светското првенство во рели. Тоа беа златните времиња на релито, пред ФИА да ги забрани болидите од групата Б со преку 500 КС.

На релито „1000 Езера“ во Финска пред три децении, фабричкиот тим на Peugeot со Ари Ватанен зад воланот и Тери Харимен на местото на копилот ја постигна првата победа со новиот автомобил со погон на сите тркала. Малечкиот 205 со централно вграден мотор покажа дека поседува огромен потенцијал уште на претходните релија во Корзика и на Акрополис, но поради технички дефект и незгода не успеа да ја реализира својата супериорност. Од третиот старт, новата ѕвезда од Франција повеќе не им остави шанса на противниците. Ари Ватанен извозе најдобро време на 31 од вкупно 51 брзинци на финското рели.

Победата во Финска беше само почеток на  успехот. На крајот на дебитантската сезона 1984, Peugeot имаше постигнато вкупно три победи на пет релија со 205 Turbo 16. Во следната година фабричкиот тим победи на седум од единаесет релија за светскиот шампионат. На крајот на сезоната Peugeot ја освои шампионската титула за производители, но возачката титула отиде кај Финците Тимо Салонен и Сепо Харјане. Во 1986 година 205 Turbo 16 победи на шест релија, што повторно му донесе нова шампионска титула на Peugeot, додека возачката титула им припадна на Јуха Канкунен и Јуха Пиронен.

Peugeot 205 Turbo 16 постигна вкупно 16 победи во светскиот шампионат во рели. Кариерата на малечкиот болид не заврши ниту откако ФИА реши да ги забрани моќните автомобили од групата Б. Тој продолжи да се трка на релито Париз-Дакар, каде што постигна спектакуларни победи во 1987 и 1988 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota го враќа неуништливиот Land Cruiser 70 во салоните

Opel стартува со нарачки за новата Corsa