за

Прв службен настап на новиот Skoda Superb во светскиот хокеј

Знаменосецот на Skoda ќе биде главниот автомобилски играч во претстојното светско првенство во хокеј во Чешка. Тоа е прво појавување на новиот Superb во улога на репрезентативна лимузина.

Чешката марка во оваа година по 23-ти пат се појавува во улога на спонзор на светското првенство во хокеј. Годинава е особено важна за Skoda, затоа што првенството се одржува во Чешка. Денес марката од Млада Болеслава официјално му ги испорача на организацискиот комитет 14-те примероци од заменосецот Superb, коишто заедно со 36-те возила Octavia Combi ќе го сочинуваат возниот парк годинава.

Битката за светската круна во хокеј на мраз започнува на 1-ви мај и ќе се одржува до 17-ти мај, во чешката престолнина Прага и во Острава. Skoda е официјален спонзор на светското првенство во хокеј на мраз уште од 1992 година, што воедно претставува најдолго главно спонзорство во историјата на спортските шампионати во светот. Преносите ги следат околу 800 милиони телевизиски гледачи.

[quote_box_right]„Хокејот на мраз е носечки столб на нашата стратегија за спонзорство. Овој ангажман ни е особено важен годинава. Од една страна светското првенство се одржува во Чешка, од друга страна, ова е прв поголемо ангажма на нашиот нов знаменосец Skoda Superb. На тој начин ја нагласуваме емотивната моќ на марката,“ Вернер Ајхорн, Skoda[/quote_box_right]

Педесетте службени возила на првенството се лакирани во националните бои сина-бела-црвена и за првпат се посебно брендирани, со имињата на чешките и чехословачките легенди во хокеј, како Јиржи Холечек, Иван Хлинка, Доминик Хашек и Јаромир Јагр. Службените возила ќе се користат првенствено за превоз до стадионите, аеродромите, хотелите и до слични цели.

Skoda секоја година испорачува 40 до 50 возила за првенството. Во минатите 23 години, со овие возила се поминати вкупно шет милиони километри, само за време на настанот, при што не е регистриран ниту еден дефект на возилата. Со возниот парк годишно се минуваат околу 250.000 километри, односно секое возило во просек минува околу 5.000 километри за време на шампионатот.

skoda superb hokej

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Event K50: Овој суперавтомобил на струја доаѓа од Кина

Honda NSX: Нови технички детали за јапонскиот суперспортист