за

Прв полициски автомобил со погон на струја

Полицијата на германскиот остров Хелголанд е прва во светот што ќе вози електричен службен автомобил. Volkswagen e-Golf вози до 190 километри на струја и апсолутно не загадува.

Жителите на Хелголанд, остров во германскиот архипелаг во Северното Море, ќе бидат почестени како први во светот што добиваат заштита од полиција моторизирана во автомобил со погон на струја. Електричниот Volkswagen e-Golf доживеа премиера пред неколку недели на меѓународниот салон за полициска опрема во Лајпцих и сега веќе почнува со практична примена.

Сино-сребрениот e-Golf е само едно од неколкуте возила што смеат да се движат на островот Хелголанд, со површина од 1,7 километар квадратен и околу 1.300 жители. Електромоторот поседува моќност од 115 КС и вртежен момент од 270 њутнметри. Забрзувањето до сто километри на час трае само 10,4 секунди, а досегот се движи меѓу 130 и 190 километри, во зависност од конфигурацијата на патот, начинот на возење и оптовареноста. Електричниот Golf во полициска униформа е препознатлив и по дневните светла со светлечки диоди во форма на „C“, како заштитен знак на овој модел на Volkswagen.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кина ќе го промени изгледот на нашите автомобили: Mercedes G-Code

Како да се справите со влажноста во кабината?