за

Првиот Lexus произведен во Америка

Кога Toyota стартуваше со продажба на Lexus на американскиот пазар во 1989 година, првата независна фабрика на Јапонците во САД веќе две години го произведуваше Camry. По 26 години, од истата фабрика стартува и првиот Lexus.

На свечена церемонија, во фабриката на Toyota во Џорџтаун беше одбележано излегувањето од производствената линија на првиот модел на Lexus од американска продукција. Во последните две и пол години, во најголемата фабрика на Toyota во САД се одвиваа подготовки за производство на ES 350, најпопуларниот модел на Lexus во земјата. Во новиот погон за производство на моделот на Lexus се инвестирани 360 милиони долари и вработени се 750 нови лица. Годишниот капацитет изнесува 50.000 возила.

Философија на Toyota е да ги произведува автомобилите таму каде што ги продава

Подготовките за производството на лимузината на Lexus опфатија 1,5 милион часови тренинг, вклучувајќи патувања во Јапонија заради запознавање на мајсторството во изработката на Lexus, возење на ES, исто и на патиштата во Кентаки, плус посети на дилерите за стекнување сознанија околу очекувањата на купувачите и услугата на истите.

[pull_quote_left]Мајк Бриџ, вработен 13 години во фабриката во Кентаки, најдобро го појаснува процесот: „Првата работа беше набавка на 22 нови примероци од ES 350 од локалниот дилер. Ги донесовме во фабрика и неколкупати ги расклопивме на 2.000 парчиња и повторно ги составивме.“[/pull_quote_left]

Со додавањето на Lexus во фабричкото потфолио, годишниот производствен капацитет во фабриката во Џорџтаун се зголемува на 550.000 примероци, со над 7.500 вработени. Во оваа фабрика, меѓу другото се произведува и Camry, најпродаван автомобил во САД во последните 13 години, во континуитет.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault „заробува“ луѓе за да им приреди незаборавна вечерна авантура

Две третини од Германците и натаму сметаат дека Volkswagen е „исклучителен“