за

Првиот Ford GT ќе биде испорачан точно на католички Божик

Од фабриката на Ford во Канада денес излезе првиот сериски примерок од суперспортскиот модел GT. Честа возилото да го изнесе од фабричките хали му припадна на Раџ Наир, главниот технички инженер на Ford. Овој чин го одбележа почетокот на испораката на сериската верзија на автомобилот кој годинава постигна значаен успех на 24 часа Леман, надоврзувајќи се на историјата на „убиецот на ферари“ од 1960-те години. Европската испорака ќе стартува напролет идната година.

Суперспортскиот модел на Ford поседува каросерија изработена од карбон и поставува нови стандарди во поглед на лесните автомобилски конструкции. Со повеќе од 600 КС, шестцилиндарскиот битурбо мотор од 3,5 литри е врв на генерацијата мотори EcoBoost на Ford. Преносот на сила до задните тркала се врши преку седумстепен менувач со двојна спојка.

Ford уште во август најави дека планираниот производствен период на GT ќе ја продолжи за две години. Првично, овој болид требаше да се произведува само две години и во серија ограничена на 500 примероци, со цел да се задржи ексклузивноста на моделот, но огромната побарувачка за GT го наведе Ford да ја зголеми продукцијата двојно.

Сериската вeрзија на Ford GT имаше светска премиера во јануари 2015 година, на салонот во Детроит. Цената на автомобилот изнесува 550.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Европа го доби првиот сопствен систем за сателитска навигација

Mercedes S-Class Coupe во „ноќно издание“