за

Првиот „комшиски“ систем за полнење за електромобили проработе во В. Британија

Возачите на електрични автомобили во Велика Британија отсега можат преку мобилна апликација да го пронајдат најблискиот куќен полнач за струја. Услугата се нарекува Chargie и се очекува да даде силен поттик за електромобилноста.

Погонот на струја го прави следниот голем чекор во островската земја. Под името Chargie во Велика Британија неделава стартува првиот систем од услуги во светот, којшто на сопствениците на електрични автомобили им овозможува да ги користат куќните полначи за струја на останатите сопственици на возила на струја. На овој начин значително се зголемува пристапноста на полначите за струја за возачите, кои отсега поспокојно ќе се впуштаат и во подолги релации со своите електромобили, вклучувајќи ги и подрачјата во коишто нема јавно достапни полначи.

Congratulations and thank you to Steve, James and Simon for registering their EV chargepoints and becoming among the…

Posted by Bookmycharge on Tuesday, May 2, 2017

Услугата се користи наједноставно. Сопственикот на автомобилот на струја, на веб-страницата на Chargie може да пронајде каде е најблискиот полнач за струја и од „домаќинот“ да побара одобрение. Тој понатаму го проверува профилот на заинтересираниот корисник и проценува дали ќе го одобри или отфрли неговото барање. Доколку приклучувањето се одобри, корисникот плаќа преку Chargie и системот потоа контактира со обете странки за спогодување околу деталите.

https://automedia.mk/objavi/27023

Системот ќе стартува официјално на 16-ти мај, компанијата дотогаш секојдневно вклучува нови сопственици на полначи. Цената за услугата се движи меѓу 2 и 4 фунти за час, при што сопственикот сам ја одредува висината на тарифата додека се регистрира во системот. Chargie наплаќа незначителна такса, којашто се преполовува доколку и самиот корисник има пријавено сопствен полнач во системот.

Годишната продажба ќе достигне 1,3 милион електрични возила во Британија до 2027

Основачи на Chargie се сопружниците Џен Станард и Џереми Коултер, кои го разработиле концептот на нивната услуга откако имале потешкотии да пронајдат јавно достапна станица за полнење во близина, за време на нивниот одмор. „Сакаме Chargie да придонесе електричните автомобили да станат доминантна форма на транспорт во Велика Британија, не само за куси релации, како што моментно се користат повеќето електрични автомобили,“ објаснува Станард, директорката на Chargie. „За тоа да се случи, неопходно е да се обезбеди извесност дека постои полнач на одредиштето. Освен во поголемите градови и станиците по автопатиштата, во повеќето подрачја низ Велика Британија уште недостига соодветна инфраструктура од полначи,“ додава Станард. Во земјата постојат околу 100.000 сопственици на електрични автомобили. За десет години се очекува продажбата на електромобили да достигне 1,3 милион примероци – на годишно ниво.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинеска компанија ги презема анласерите на Bosch

Метанот ѝ заштедува 800 евра по возило на автошкола во Мадрид