за

Прва преправка на Tesla Model S во погребално возило

Холандска фирма специјализирана за луксузни продолжени лимузини дојде на идеја да ја изработи првата верзија на Tesla во функција на погребално возило. Според производителот, нечујниот и чист електричен погон на Tesla одговара совршено за последното поздравување со овој свет.

Стилски, модерен и тивок погреб. Тоа го ветува холандската фирма Remetz, инаку специјалист за изработка на луксузни лимузини со продолжено меѓуоскино растојание, со нивниот последен модел во производствената понуда – електрична Tesla Model S во верзија на погребално возило. Холанѓаните сметаат дека тивкиот погон на калифорниската електрична лимузина одговара совршено како возило за поздравната цереномија.

Дизајнот на погребалниот електромобил ги следи оригиналните линии на Tesla Model S и го задржува спортскиот карактер на моделот. Со примена на најмодерни технологии и вешти мајстори, Remetz не само што го изработи првиот примерок на Tesla за погребални услуги, туку и првата продолжена верзија на Model S.

Како основа за возилото е користена послабата верзија Model 70S, затоа што примената во конкретниот случај не бара голема автономија, ниту пак голема способност за забрзување. Каросеријата е продолжена за 80 сантиметри, со што возилото достигнува должина од 5,8 метри. Должината на просторот за сандак изнесува 2,17 метри. Веднаш зад предните врати се изведени малечки врати, за сместување на потребштините. Целиот покрив е изведен со стакло, а и по целата должина на каросеријата по задните врати така се користи двослојно заоблено стакло.

Полнењето на батериите може да се изврши бесплатно на јавната мрежа од полначи на Tesla. Како предности на возилото, Remetz ги истакнува можноста за пристап и во еколошки заштитените зони, модерната линија, комфорот, тишината, евтиното возење, ниските трошоци за одржување, досегот до 350 километри и гаранцијата за батериите во траење од 8 години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата Nissan Micra го заменува и местото на миниванот Note

Volkswagen ги облекува тест-возачите како автомобилски седишта