за ,

Прашината од сопирачките е опасна исто како чадот од дизелите

Научниците стравуваат од нова опасност за здравјето. Металот во сопирачките облоги може да предизвика рак. Опасноста по здравјето е иста како од чадот што го испуштаат дизелските мотори.

Прашината од сопирачките може да биде опасна по здравјето исто како чадот од дизелските мотори. Металниот елемент антимон којшто го содржат најголемиот број од сопирачките облоги крие многу опасности за здравјето што досега беа потценувани. Масовно користениот антимон трисулфид при висока температура создава канцероген антимон триоксид. Додека за спречување на штетното влијание на чадот од дизелските мотори се инвестираат милијарди на глобално ниво, со вградувањето на филтри за честички чад, на проблемот со антимонот досега не му се посветуваше потребното внимание.

Барбара Ротен, професорка на Универзитетот Фрибург во Швајцарија, го истражуваше влијанието на прашината од сопирачките врз човечкото здравје, конкретно врз белите дробови. Таа дојде до сознание дека при остро сопирање се ослободуваат поголем број наночестички што содржат железо, бакар и манган. Овие ситни честички предизвикуваа иритација и воспаленија на ќелии на бели дробови култивирани во лабораториски услови.

Француски добавувач за автомобилската индустрија неодамна претстави во јавноста механички филтер што ја вшмукува прашината директно од сопирачките. Решението значи постои, треба уште да реагираат законодавците и индустријата, но секако без дополнително да се оптовари џебот на возачите. Некои производители на возила го идентификуваа антимонот како штетна материја и престанаа со негово користење. Експертите проценуваат дека околу 90 проценти од возилата во ЕУ користат сопирачки без антимон. Но, тоа не е случај со постарите возила и во земјите каде што не се контролира евтиниот увоз на резервни сопирачки облоги. Во Македонија, исто како и во повеќето соседни држави не се санкционираат ниту возилата со дизелски мотор што не користат филтер за честички чад, познат и како филтер FAP. Голем број земји во ЕУ го субвенционираа вградувањето на овие филтри во постарите возила со дизелски мотор, со цел да го спречат прекумерното оптоварување на животната средина со исто така канцерогените честички ПМ10 и ПМ5.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia ги шокираше конкурентите со оцените од сопствениците

Конкурентот на Tesla се враќа како Fisker Surf