за

Правилното седење зад воланот го заморува возачот помалку

Возачите што правилно ги имаат наместено седиштето и воланот се заморуваат помалку на долгите патувања. Оптималната положба зад воланот ја подобрува и реакцијата на возачот при избегнување критични ситуации.

Погрешното седење зад воланот при возење на подолги релации не само што предизвикува болки во грбот, туку во критични ситуации во возењето влијае и врз брзината и способноста на возачот да реагира правилно. Клубот АДАК повторно е тука со совети за правилно местење на воланот и на седиштето.

Возачот треба да ги намести потпирачот на седиштето и воланот според своите пропорции. Најважно е седиштето да се намести на правилна висина. На тој начин се добива и добра прегледност на сите страни. Оддалеченоста на седиштето од таблата треба да се намести на тој начин колената да не се исправуваат целосно кога се притискаат педалите.

Исправен потпирач на седиштето помалку го оптоварува ‘рбетниот столб

Со поставување на потпирачот на седиштето во колку е можно поисправена положба го растоварува грбот и го сведува растојанието до потпирачот за глава на минимум. Потпирачот за глава треба да се намести на иста висина со темето на главата, за возачот да биде заштитен на најдобар начин при налетување на возило одзади. Доколку седиштето располага со потпирач во слабинскиот дел, истиот треба да се намести да биде тесно прилепен до ‘рбетниот столб.

Воланот е наместен правилно кога рачниот зглоб при испружена рака налегнува врз обрачот на воланот. Притоа треба да се внимава и инструментите да се гледаат целосно. Рамениците треба да налегнуваат на потпирачот на седиштето. Кога обете дланки се во положба на 3 и 9 часот на воланот, тоа гарантира оптимално владеење со возилото во сите ситуации во возењето.

Како да ги наместите воланот и седиштето правилно, можете да погледнете на видеото на ADAC.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Европскиот пазар ја спасува глобалната продажба на Mazda

Дванаесет години за 19 недели: Вака се тестира квалитетот на Audi