за

По Honda NSX доаѓа редот и за NSX Type-R

Honda планира да развие верзија со намалена тежина од новиот NSX, којашто ќе биде наменета првенствено за тркачките патеки и ќе има погон само на задните тркала.

Во Honda се размислува за развој на тркачка изведба од новата генерација на суперспортскиот NSX, во којашто нема да се вградуваат двата електромотора за предната оска од стандардниот модел, исто како и батерискиот модул. На тој начин тежината на возилото ќе се намали за неколку стотини килограми. Задниот електромотор меѓу бензинецот и менувачот сепак ќе остане и ќе се користи како стартер-генератор. Само со отстранувањето на хибридната погонска спрега ќе се заштедат 150 килограми.

Само со отстранувањето на хибридната погонска спрега би се заштедиле над 150 килограми во NSX Type-R
Само со отстранувањето на хибридната погонска спрега би се заштедиле над 150 килограми во идниот NSX Type-R

Стандардниот NSX тежи 1.750 килограми и задвижуван е од 3,5-литарски V6, еден електромотор на задната оска и два електромотора за предните тркала. Системската моќност изнесува 573 КС. Honda уште нема дадено зелено светло за NSX Type-R, но постои голема расположеност за овој модел којшто може да придонесе за враќање на традиционалниот спортски дух на марката. На следниот Пајкс Пик ќе се пуштат два фабрички подржани тима со NSX со заден погон.

Можно е NSX Type-R да се изведе со активни елементи за аеродинамика, што веќе е тестирано на неколку прототипи во развојната фаза на моделот. Секако дека се размислува и за родстер изведба од NSX, верно на традицијата на моделот. Продажбата на NSX на европскиот пазар стартува во април, по цена од 180.000 евра, а испораката ќе следува наесен.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електрични автомобили норвешка

Норвешка ќе дозволува само електрични нови возила по 2025 година

Салонот на автомобили во Женева привлече 687.000 посетители