за

По хибридите: Автомобилот на вода на Toyota

Иднината на погонот на автомобилите му припаѓа на водородот. Предводникот на хибридниот погон Toyota најавува дека во 2015 година ќе го пушти во продажба првиот автомобил со погон на водород. Но, и конкурентите не заостануваат многу.

Се чини дека мина многу време откако горивната ќелија претрпе пораз од батериите во борбата за погонот на иднината. Но, тоа е само заблуда. На тековниот салон во Франкфурт, пионерот на хибридната погонска техника претстави автомобил во кого што место класичниот мотор со внатрешно согорување работи пакет од горивни ќелии. Серискиот модел ќе биде со лимузинска каросерија и ќе се најде на европските патишта во 2015 година. Полнењето на резервоарот ќе трае само неколку минути, а со еден резервоар ќе може да се поминат добри 500 километри.

Со цена од 80.000 евра, хибридот со горивни ќелии тешко дека ќе воспостави револуција на пазарот, но во центарот за развој на Toyota во Европа се убедени дека од 2020 година, продажбата ќе достигне петцифрени вредности. Иако Јапонците соработуваат со BMW токму во развојот на оваа технологија, исто како и на дизелските мотори, тие ја развиваат лимузината во сопствена режија.

Откако пред 16 години го претстави Prius како прв сериски автомобил со хибриден погон, Toyota продаде повеќе од 5,5 милиони примероци од него. Prius беше како светилник за автомобилската бранша. Гигантот верува дека истото ќе се случи и со погонот на водород, според формулата: Како што ќе се зголемува бројот на атрактивни возила ќе се зголемува и бројот на станици за точење водород, а на крај тоа ќе придонесе и за намалување на цената на возилата. Во исто време Toyota ќе продолжи со развојот на класичните бензински и дизелски мотори.

Хибридниот модел учествува со околу 40 проценти во продажбата на Auris во Европа, односно со 30 проценти кај Yaris. Заедно со Lexus, Toyota моментно има 23 модели со хибриден погон во понудата. Благодарение на високите бројки на производство и искуството со разни елементи од електричниот погон, Јапонците успеаја енормно да ги намалат трошоците.

Во 1990-те години Toyota ги направи првите возила за истражување на иднината на погонот со горивни ќелии. Неполни две децении подоцна, нејзините инженери успеаја да постигнат моќност од 3 киловати од еден литар волумен на погонската единица. Тоа овозможи место четири, во студијата FCHV-adv да се вградат само два пакета на горивни ќелии. Нов беше и резервоарот во кого водородот се чува под притисок од 700 бари.

Конкуренцијата не мирува. Во 2015 година и Hyundai ќе почне со редовна продажба на возило со погон на водород врз основа на компактниот теренец ix35, а Mercedes во соработка со Ford и Nissan планира во 2017 година да понуди сериски автомобил на водород.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo Concept Coupe: Емотивен дизајн за новите модели на Швеѓаните

Seat вози за фестивалот Браќа Манаки