Серијата пожари со возилата на Tesla се префрли и во срцето на компанијата, во фабриката во која што се произведуваат електричните автомобили. Три лица се повредени во пожарот.
Според информациите од локалните медиуми во Калифорнија, во фабриката на Tesla Motors во Фримонт избувнал пожар во кој се повредени тројца вработени. Во изјавата од компанијата се наведува дека пожарот избувнал поради грешка во пресата за алуминиумски одливци. До повредите дошло при излевање на металот од врелата преса.