за

Последен од неговата сорта: Kawasaki W800 Final Edition

По половина век од претставувањето на првиот модел од серијата W, Kawasaki ја завршува ерата на овој мотоцикл и се збогува преку „Final Edition“.

Kawasaki W800 има широк круг обожуватели, кои го ценат неговиот ретро изглед и го сметаат за модерен класичар. Едноставните и чисти форми во дизајнот на моделот со воздушно ладен двоцилиндарец од 773 сантиметри кубни се симбол за инженерската вештина што е вградена во него. Историската лоза на моделот се навраќа во 1966 година, кога Kawasaki го претстави W1. Тоа беше прв модел на Kawasaki со голем четиритактен мотор, со робусната и издржлива погонска единица од 650 сантиметри кубни и моќност од 50 КС.

Во 1998 година следеше моделот W650 кој го презеде стилот на оригиналниот W1. Како што растеше интересот на пазарот за мотоцикли со ретро изглед, Kawasaki во 2011 година го претстави и последниот член на ова моделско семејство, W800. Поради новите еколошки директиви на ЕУ, W800 сепак ќе мора да ја прекине полувековната традиција и да се повлече од понудата на марката. Во чест на оваа традиција, Kawasaki ја изработи специјалната серија W800 Final Edition, препознатлива по лакот во кафена и портокалова боја со посебен ефект.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Го познавате Porsche 989: Ова е таткото на Porsche Panamera

Mercedes продолжува со уште поубедливи продажни рекорди