за

Пожарите во ванот Zafira го ставаат и Opel во немилост

Млади мајки во Велика Британија започнаа кампања што треба да поттикне сервисен повик за семејниот ван, по ненадејното избувнување пожар во возилата. Производителот Vauxhall (Opel) претрпе силен удар врз имиџот.

Три британски мајки во почетокот на месецов започнаа кампања на социјалните медиуми којашто имаше за цел да поттикне сервисен повик кај производителот Vauxhall, британската сестра на Opel. Во текот на кампањата се пријавија уште 65 други сопственици на семејниот ван Zafira, кои потврдија дека и тие доживеале пожар во нивните возила. Од Vauxhall ги советуваат сите сопственици на ванот да се упатат во сервисна работилница доколку сметаат дека загревањето во кабината работи неправилно и се слушаат необични звуци. Возилата ќе бидат темелно проверени и делот што е дефектен ќе биде заменет бесплатно. Но, ваквиот чекор на британската сестра на Opel уште не може да се води како сервисен повик, затоа што сопствениците на Zafira на овој начин се одговорни самите доколку не се упатат во сервис.

Повеќе од 60 лица пријавиле случаи на пожар во нивната Zafira

Жариштето се јавува во дното на преградата пред совозачот, од каде што пожарот продолжува да се шири по целата арматурна табла. Трите млади мајки, Сју Фриментл, Клер Витли и Џејд Хелвел, претходно ја обвинија компанијата дека ги ставила нивните животи во опасност. Тие се здружиле откако во нивните примероци на Vauxhall Zafira, кои што се идентични со германската Opel Zafira со исклучок на воланот од десната страна, проиведени во 2007 година, почнал да се шири пожар додека децата биле во возилото. Младите дами се изненадиле откако преку 1.000 возачи им се придружиле во кампањата, од кои 65-мина потврдиле дека и во нивната Zafira се појавил пожар. Британската сестра на Opel одбила да презеде одговорност за пожарот, иако жариштето на пожарот било исто во сите случаи.

https://youtu.be/1z_1oWZ3DBU

Сју Фриментл, со трите нејзини деца во возилото и со внучето од братучедот во септември одвај се спасиле напуштајќи го возилото само неколку секунди пред тоа да биде целосно зафатено во пожар и на крај да остане само изгорена школка. Слични хорор-ситуации доживеле и останатите жртви на конструкциската грешка во Zafira. Трите дами нагласуваат дека нивната кампања нема за цел добивање надомест на штета од производителот, туку првенствено е посветена на спасување човечки животи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus најавува студија на ултимативна луксузна лимузина за Токио

Уште една недела до изборот на најдобриот британски автомобил во историјата