за

Оваа банкарска подружница не стои во место

mercedes банкарска подружница

Банка во Австрија изнајде начин да биде достапна за своите корисници во вонградските средини, а притоа да не прави непотребни трошоци со класична филијала којашто во поголемиот дел од времето би работела напразно. Решението е камион-банка.

Банка во Австрија користи необичен концепт на услужување на своите клиенти. Населеноста во вонградските средини опаѓа, а во исто време банките воведуваат нови технологии во својата работа. Масовно се користат дигиталните услуги, како онлајн-банкарство. Класичната банкарска подружица се посетува сé поретко. Во такви услови, банката се реши за нов концепт. За сите клиенти да бидат услужени, а во исто време да се зголеми рентабилноста, банката смисли подружница на тркала. „Банката“ е Mercedes Antos 2532.

Подвижната банка пристига еднаш до двапати во неделата

Концептот стартуваше со примена уште во 2013 година, со пуштањето во возење на првата подвижна банкарска филијала во Австрија. Таа ги посетува помалите населени места еднаш до двапати во неделата и ги нуди сите вообичаени услуги. Внатре се наоѓаат класичен шалтер и биро за советување на клиентите, има и неколку уреди за самопослужување. Банкомат исто не отсуствува, тој е поставен однадвор.

Концептот минува одлично кај клиентите, па дури и повеќе од тоа. Во последно време се случува сé повеќе жители од соседните општини да доаѓаат само да ја погледнат оваа банка на тркала.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan Pivo 2

Хронологија на 70-те електрични години на Nissan

Alpina B3 S Bi-Turbo

Alpina B3 S Bi-Turbo е џентлменската алтернатива на BMW M3