за

Подарок за 130-от роденден на автомобилот: Mercedes-AMG S 63 Cabrio Edition 130

Пред точно 130 години светот го доби првиот автомобил. Колку се променија работите оттогаш покажува ексклузивниот кабриолет од класата S на Mercedes, со цена што изгледа како автомобилот штотуку да е пронајден.

Една работа не се смени кај автомобилите откако Карл Бенц и Готлиб Дајмлер го патентираа нивниот „Motorwagen Nummer 1“ пред 130 години. На првиот автомобил во светот и на овој Mercedes-AMG S 63 Cabrio им е заедничко тоа што во нив се седи под отворено небо. Оттука е сосема разбирливо зошто „таткото на автомобилот“ избра токму кабриолетот од класата S да го одбележи 130-от роденден на „Motorwagen“.

Mercedes-AMG  S-Class Cabrio (A217) 2016Во таа чест пристига ексклузивната серија „Edition 130“ oд Mercedes-AMG S 63 4MATIC Cabriolet, ограничена на 130 примероци. Специјалната сребрена боја на каросеријата, покривот во бордо боја и бандажите од 20 инчи во мат црна боја со полиран обрач ќе се погрижат уште оддалеку да стане јасно дека се работи за посебен модел. Малкумината идни сопственици на моделот ќе бидат горди на својот посед на четири тркала седејќи опкружени во кожа во црвено/црна или сиво/црна комбинација, со украсни панели од карбон и сјаен црн лак.

Посебна плочка во средишната конзола со редниот број во серијата од 130 примероци и соодветната гравура во воланот ќе ги потсеќаат сопствениците дека зад овој кабриолет стојат 130 години развој и усовршување на најзначајниот изум на сите времиња. За вредниот примерок да биде заштитен во гаражата, Mercedes испорачува и церада скроена по мера, со извезен натпис „Edition 130 – 1 of 130“. При испораката на возилото, секој сопственик ќе добие пакет за добредојде, вклучувајќи приврзок за клуч во форма на плакетата „Edition 130“, ставен во посебна алуминиумска кутија.

Цената за сета оваа услуга? 226.457 евра. Сопствениците ќе мораат да причекаат до април додека го збрмчат моторот V8 од 5,5 литри со битурбонатполнење, со 585 КС и вртежен момент од 900 њутнметри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo Venus Bilo: Римската божица на љубовта што исчезна со девет куфери

Масовен карамбол во Абу Даби: Стотици возила се исчукаа во пустината