за

Вака ги „пакуваат“ погрешно паркираните во Штутгарт

погрешно паркираните во фолија

Активисти во германскиот град смислиле соодветна дисциплинска мерка за погрешно паркираните автомобили. Преку ноќ, автомобилите се буквално спакувани во фолија, а има и порака за сопственикот.

Проблемите со неправилно паркираните автомобили не им се непознати на жителите на Штутгарт. Меѓу причините за негодувањето најчесто се наведува загрозувањето на безбедноста на пешаците и велосипедистите. Група активисти се мобилизираше и деновиве спроведе акција, по којашто негрижливите возачи ќе внимаваат повеќе каде го паркираат автомобилот.

Во градот е раздвижено пред празниците и автомобилите честопати се оставаат на места коишто им пречат на децата, на велосипедистите и на луѓето со инвалидска количка. Активистите имаат решение. Сопствениците ќе ги најдат своите возила обвиткани во проѕирна фолија, заедно со порака на којашто возачот, но и сите минувачи, можат да прочитаат која е причината за „пакувањето“ на возилото.

Специјален подарок за возачите на погрешно паркираните автомобили

Акцијата се одвивала во неделната ноќ во населба во којашто постојат голем број детски градинки и училишта. Најголемиот проблем го предизвикуваат автомобилите што се паркирани пред самите крстосници, кадешто им ја попречуваат прегледноста на минувачите и ги доведуваат во опасност. Затоа постојат и сообраќајните правила, според коишто е забрането возило да се паркира на растојание помало од пет метри од крстосницата.

Во германскиот град Хајделберг лани беше поттикната акција во којашто граѓаните закачуваа самолепливи листови на погрешно паркиран автомобил во центарот на градот. Автомобилот беше намерно паркиран на недозволено место, како дел од акцијата.

Фотографии направени од граѓани што ги забележале спакуваните автомобили се споделуваат по социјалните мрежи, луѓето коментираат и критикуваат. Во меѓувреме реагираа и од градската управа, најавувајќи поостро санкционирање на дрското однесување на возачите. Ефектот е постигнат.

Спакуваните автомобили се хит на социјалните мрежи:

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

возење под алкохол казна

Милијардерка казнета со 25.000 евра за возење под алкохол

луксузна стока промет

Луксузна стока вредна 1.160 милијарди евра се продала годинава низ светот