за

Победа за Audi R8 LMS на 24-часа Нирбургринг

Audi го претстави новиот R8 LMS пред само десет недели, а овој автомобил близок до сериската верзија веќе успеа да ја извојува првата победа на трката чијашто неизвесност буквално траеше до последниот час.

Натпреварувачкиот тим на Audi победи со 40 секунди предност пред тимот на BMW. Тоа е резултатот од највозбудливиот 24-часовен маратон во историјата на Нирбургринг. Рекордни 35 пати се менуваше водството на оваа трка што датира уште од 1970-та година. Од средината на трката, со секое влегување во боксовите се менуваше водството на трката меѓу Audi и BMW. На крајот, за победата се избори белгискиот тим на Audi.

Тркачкиот автомобил од класата GT3 во околу 50 проценти е идентичен со серискиот модел, којшто беше претставен премиерно на салонот во Женева, во март. На 24-часовната трка стартуваа четири болиди Audi R8 LMS.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche 911 GT3 R за приватни тркачи вреден 430.000 евра

Nissan Titan XD со петлитарски дизел и преку 6 метри должина