за

Пекинг се подготвува за вонредна ситуација со загаденоста на воздухот

Градските власти на Пекинг ќе дозволуваат само половината од возилата да сообраќаат низ градот кога индексот на загаденост на воздухот ќе пречекори 200 во времетраење од 72 часови.

Загаденоста на воздухот е проблем што со децении ги мачи жителите на кинеските метрополи. Преголемиот број на автомобили во градовите и слабите еколошки норми што ги задоволуваат истите се посочени како главни причинители на енормната загаденост на воздухот. Градските власти на Пекинг веќе се подготвуваат за следната еколошка катастрофа. Доколку се предвидува индексот на загаденост на воздухот да се задржи на вредност преку 200 во времетраење од повеќе од 72 часови, градот ќе воведе систем пар-непар за користење на возилата, односно автомобилите со регистерски ознаки што завршуваат со парен или непарен број ќе се менуваат на улиците по еден ден. Исклучок се автомобилите со погон на струја, за коишто не постои никакво ограничување.

Јавноста реагираше за превисокиот праг за воведување вонредна ситуација

Пекинг за последен пат го примени системот пар-непар за време на состанокот на АПЕК во минатиот ноември. Покрај преполовувањето на сообраќајот на улиците со овој систем, се предвидува и користењето на владините возила во времето на важност на еколошкиот аларм да биде намалено за една третина, без разлика на нивните регистерски ознаки. Последниот план е поригозорен и активира еколошки аларм при понизок индекс на загадување наспроти првичниот план којшто беше донесе во 2013 година. Тој предвидуваше воведување вонредна состојба доколку индексот на загаденост на воздухот надмине вредност 300 во времетраење од 72 часови. Јавноста реагираше дека прагот на еколошката вонредна состојба е поставен превисоко. Според новиот план, алармантната состојба се активира 24 часови однапред доколку се предвидува енормна загаденост.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

McLaren 570S го почнува нападот против Porsche 911 Turbo и Audi R8

Германски ТВ-канал за шверцот на автомобили во Источна Европа