за

Патување без мачнина

Заминувањето на годишен одмор може да биде вистинско уживање – доколку не настапи мачнина при патувањето. Со неколку трикови може да се надмине проблемот со гадењето.

Годишниот одмор може да почне непријатно, ако стомакот почне да се побунува уште на поаѓање. Без разлика дали станува збор за кривулести патишта или за постојано запирање и поаѓање во колона, лицата кои што имаат проблем при возењето чувствуваат мачнина, изнемоштеност и гадење. Но, може ли некако да се спречи таканаречената кинетоза?

Станува збор за сосема нормална реакција на спротивставувачки дразнења кои што го преоптоваруваат организмот. При возењето, очите и центарот за рамнотежа даваат различни инфорамции. Очите му јавуваат на мозокот движење, но центарот за рамнотежа не го регистрира тоа, затоа што телото мирува во седиштата комотно и релаксирано. На тој начин доаѓа до конфликт на сетилата, затоа што мозокот не може правилно да ја обработи оваа салата од податоци. Под дејство на преоптоварувањето на организмот се лачат хормони на стрес, кои што доведуваат до вртоглавица и мачнина. Во основа, секому може да му се слоши, но најчувствително реагираат децата и жените.

За спречување или ублажување на мачнината при патување може да помогне преместување напред, за погледот да има целосна прегледност. При патувањето треба да се гледа нанапред во правец на патот, да не се чита и да не се гледа низ страничните прозорци. При лесни случаи на кинетоза може да помогне ѓумбир. Ова коренесто растение може да ја спречи мачнината, ако се земе како капсула, капки или во природна форма. Доколку тоа не помогне може да се земат и специјални лекарства против мачина при патување. Најдобро е за тоа да се разговара со лекарот.

За желудникот да не се иритира дополнително, пред и за време на возењето не треба да се пуши и да се пие кафе. Лесно сварливи јаглехидрати, како леб, тестенини и компири го смируваат желудникот, исто како и доволна количина на течност. За смирување на гладот одговараат кекс или двопек.

Ако мачнината не се смирува, се препорачува почесто да се прават паузи. Со малку свеж воздух и гума за жвакање може да се смали мачнината.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo наоѓа паркинг без потреба од возачот

Кризата во авто фабриките ќе трае до 2016 година